Você está na página 1de 3

Фискална политика и пактот за стабилност и раст

Фискалната политика во монетарната унија

Фискалната политика

 Овој инструмент не дава веднаш резултати, тој го менува курсот многу бавно.

 Неговото дејство често се активира откако економијата ја надминала состојбата


поради која е употребена мерка од фискалната политика.

 Фискалната политика има една предност: таа е саматa од себе антициклична:


автоматски стабилизатор.

 Фискалната политика владите можат да ја користат како нивно дискреционо


право: користење на одредени фондови кога е неопходна некоја дискрециона
акција

Фискалната политика како екстерналија

 Акциите на фискалната политика на една земја имаат влијание преку разни


канали врз други земји: на доходот, инфлацијата, цената на позајмувањето.

 Оттаму ,иако фискалната политика останува прерогатив на националната


политика,потребна е извесна макроекономска координација на политиките.

 Монетарната унија поставува нови лимити на сувереноста.

 Јавниот долг и цената на позајмувањето.

 Големиот дефицит и клаузулата за неплаќање: владата нема можност да бара


монетизација од Централната банка на дефицитот со Мастришкиот договор

 Последици: не сaмо по кредибилитетот на земјата, туку и на Унијата и еврото

 Потреба од колективна дисциплина

фискален федерализам –принципи

 Два аргумента за делење на одговорноста:

-ексерналии

-економии од обем

 Два аргумента за задржување на сувереноста:

-различните префереции

-асиметрични информации

 Квалитет на владата
 Принцип на субсидијарност: Комисијата на EУ ќе превземе акција само ако
соодветната цел не може да биде постигната успешно од страна на земјите
членки и според обемот и ефектите на предвидената акција подобро би било
да се изведе од страна на Заедницата, т.е. Унијата.

Пакт за стабилност и раст

 На предлог на Германија Пактот е усвоен во 1997

 Целта е да се одржува фискална дисциплина во духот на критериумите за


конвергенција.

 Советот на Министрите за финансии ЕКОФИН е одговорен за спроведување на


пактот во дело наспроти националните компетенции за фискалните политики.

 Пактот се состои од четири елементи:

1. Дефиниција на прекумерниот дефицит

2. Превентивно средство: да се избегне големиот дефицит

3.Корективно средство: пропозиции како да се однесува влада која го


надминала лимитот на дефицитот

4. Санкции

Преголем буџет

 Кога буџетскиот дефицит го поминува лимитот од 3% од БДП

 Дефицитот може да биде оценет како исклучок и да не повлекува санкции ако


БДП опаѓа барем за 2% или во интервал од 0,75 до 2%.

Пактот за стабилност сугерира да се земат за исклучителни околности и сите


други фактори кои во конкретни случаи се определуваат и дефинираат

Превентивно средство

 Секоја земја од еврозоната има обврска да поднесе Програма за стабилизација:


предвидување за буџетските приходи и расходи

 Комисијата го разгледува и го проследува ,со мислење до ЕКОФИН

 ЕКОФИН дава мислење со квалификувано мнозинство и натамошни препораки


ако дефицитот поминува 3%.

 И земјите кои не се во еврозоната имаат иста обврска

Корективно средство

Кога земјите не се придржуваат до препораките ЕКОФИН го користи ова


средство

 Рано предупредување
 Следен чекор е процедура за надминат буџет: препораки од Комисијата кои
мора да се исполнат, ЕКОФИН проверува. Потоа земјата мора да поднесе
промптно мерки за корекција на буџетот кои ги оценува Комисијата.

 Следи евалуација на превземените мерки од земјата-престапник и резултатите


од нив.

 Ако и натаму буџетот е над дозволениот лимит, следат санкции превземени од


ЕКОФИН.

Фискална неутралност на заедничкиот пазар

 Кога се укинуваат царинските бариери ,тие лесно се заменуваат со даночни;

 Неопходно беше данокот на промет-индиректно оданочување, да нема


влијание на внатрешната трговија во Заедницата;

даночна неутралност е изложување на сите стоки на заедничкиот пазар на


еднаков данок на промет или на земјата на потекло или на земјата на
дестинација

 Фискалната неутралност бара еднаква структура на индиректните даноци во


земјите –членки:

- данок на додадена вредност;

- акцизи на посебни стоки-специфичен данок на потрошувачката (различни


стоки во различни земји), луксузни стоки, опасни стоки, стоки чија
потрошувачка треба да се ограничи или држи под контрола и сл.

Даноците и конкурентските услови

 Хармонизацијата на индиректните даноци е неопходна за изедначување на


конкурентските услови и слободната трговија на заедничкиот пазар.

 Постоењето на директните даноци е основа за разлики во остварување на


приходи од даноци и за разлочни конкурентски услови:данок на доход, данок
на добивка, персонален данок.

 Слободното движење на капитал и рационалната распределба на факторите за


производство бараат минимален степен на хармонизација на директните
даноци.

Você também pode gostar