Você está na página 1de 12

Универзитет „Гоце Делчев„ - Штип

Педагошки факултет

Семинарска вежба по предметот

Семејна педагогија

Тема:

Воспитна функција во семејството

ментор: изработиле:

Проф.д-р Борче Китанов Моника Петреска 14 504

Елизабета Десподовска 14 519

Тане Анѓеловски 14 523

Штип, Декември 2010


Содржина

1. Вовед ....................................................................................................................3

2. Влијанието на семејството врз успехот на учениците во основното


училиште...............................................................................................................4

3. Средства и методи на семејното воспитување...............................................10

4. Заклучок..............................................................................................................11

5. Користена литература.......................................................................................12

2
Вовед

Меѓу многубројните воспитни фактори што битно влијаат во подигнувањето,


развојот и воспитувањето на децата, семејството има примарна и незаменлива
улога. Меѓутоа, не мал број родители недоволно ја остваруваат воспитната улога
во семејството. Оттука и потребата за едукација на родителите, со цел да се
зголеми нивното педагошко образование како значајна претпоставка за јакнење
на нивната свест и одговорност за правилно воспитување и подготвување за
оспособување за живот на децата. За едукацијата на родителите значајно место и
улога имаат училиштето, Бирото за развој на образованието, како и институциите
што професионално се занимаваат со прашањата од доменот на воспитувањето
на децата и младината. Затоа, во анализата би требало да се оцени нивното
учество во остварувањето на воспитната функција.

Посебно внимание треба да му се посвети и на прашањето за соработката


помеѓу семејството и училиштето, чија заедничка цел е создавање сестрано
развиена личност на младите генерации. Од особено значење е да се согледаат
причините поради кои во работата на училиштата е запоставена воспитната
функција за сметка на образовната, а кои би требало да имаат ист третман.

На планот на реализирањето на функцијата на наставникот-воспитувачот


корисно е да се анализираат: стручната и педагошко-методската и дидактичка
оспособеност на наставникот, нивното сопствено усовршување и
самообразование, преку учество на организираното перманентно образование,
како што се и други форми на стручно педагошко-психолошко образование.

3
Влијанието на семејството врз успехот на учениците во основното училиште

Моќта на родителското воспитание е голема, бидејќи тоа е заедница во која


членовите се поврзани со блиски емоционални врски. Во семејството детето за
прв пат ја учи индентификацијата („сакам да сум како мама, тато...“). Најважно е
кај детето да се разбуди мотивацијата, волјата, желбата и настојувањето да се
научи, да се совлада нешто ново. Учењето трае цел живот па затоа потребно е кај
детето да се всади љубов кон учењето. Секој родител сака неговото дете добро
да учи, успешно да се вклучи во општеството и максимално да се афирмира во
животот. Бидејќи семејството е основна клетка каде што се развива и расте
детето, oттука влијанието на него е многу битен фактор за успехот на учениците.
Предмет на ова истражување е влијанието на семејните прилики врз успехот на
учениците во основното училиште. Проблемот е од сложена природа и опфаќа
низа појави и процеси што се одвиваат во семејството, училиштето и нивните
меѓусебни релации.

Предметот на истражување ги опфаќа следните фактори: целовитост на


семејството; материјални услови на семејството; образовно ниво на родителите;
користење на современи техничко-културни средства; ангажирност на семејството
во обезбедување на услови и помагање на ученикот.

Основните поими на предметот на истражување:

• Семејството во општа смисла е општествена група со историски променлив


облик во која се одвива процес на природна и општествено-културна
репродукција на човечки индивидуи.

• Ученикот е посетител на основно училиште со свој правен, општествен и


педагошки статус.

Целовитоста на семејството се однесува на неговата потполност, односно


непотполност. Овој однос може да се разгледува низ следните категории:

4
потполно семејство; семејство на разведени родители; семејство во кое едниот
родител е починат; семејство во кое двата родители се починати. Во однос на
материјалните услови ќе предвидиме три категории семејства на учениците:
слаби материјални услови, средни материјални услови и многу добри материјални
услови. Образовното ниво на родителите, посебно на таткото и мајката ќе ги
класифицираме во следниве групи: без образование, основно образование,
средно образование, квалификувани работници, више образование, високо
образование. Под користење на современи техничко-културни средства
подразбираме: дневен печат, списанија, весници, радио, системи, ТВ апарати,
видео, ДВД, компјутер, интернет. Ангажираноста на семејството во обезбедување
на услови и помагање на ученикот како фактор за неговиот успех подразбира:
обезбедено постојно работно место за учење, обезбеденост на учебници и прибор
за работа, постоење на испланирани дневни активности, непосредна помош во
учењето.

Целта на истражувањето е конкретизирана низ следниве задачи:

• Да се испита влијанието на материјалните услови на семејството врз


успехот на учениците;

• Да се испита зависноста на успехот на учениците од целовитоста на


семејството;

• Да се утврди зависноста на училишниот успех на учениците од образовното


ниво на нивните родители;

• Да се испита влијанието на користење на техничко-културни средства во


семејството врз успехот на учениците;

• Да се утврди зависноста на субјективната ангажираност на родителите и


успехот на нивните деца.

5
Поаѓајќи од предметот и целта на истражувањето поставени се следниве
хипотези:

• Постои значајна статистичка поврзаност меѓу материјалните услови во


семејството и училишниот успех на децата;

• Постои значајна статистчка поврзаност меѓу степенот на образование на


родителите и училишниот успех на децата;

• Постои мала разлика во училишниот успех на учениците од непотполни и


потполни семејства во корист на оние од потполните семејства;

• Училишниот успех на учениците од семејства каде се користат современи


техничко-културни средства е повисок во однос на успехот на оние другите;

• Субјективното ангажирање на родителите го менува коефициентот на


корелација меѓу објективните фактори (претходно назначени) и успехот на
учениците.

Независна варијабла во нашето истражување е семејството со неговите


карактеристики: целовитост, материјални услови, образовно ниво на родителите,
користење на современи техничко-културни средства, ангажираност на
семејството во обезбедување услови за учење и помагање на ученикот. Зависна
варијабла е училишниот успех на учениците. Во истражувањето ќе доминира
десриптивниот метод со сите свои модалитети, што значи ќе се врши
анализирање на состојбата, компарирање и генерализирање. Согласно
поставените задачи ќе бидат применети следниве истражувачки техники:
анкетирање; анализа на педагошка документација; интервјуирање; скалирање;
системско набљудување.

Примената на овие техники ќе се врши специјално конструирани


инструменти на истражување:

• протоколи за систематско набљудување на учениците во семејството,


наставни и воннаставни активности што ќе ги води класниот раководител;

6
• прашалници за ученици и родители преку кои ќе се добијат податоци за
семејните услови во кои живее ученикот;

• протоколи за интервју со учениците и родителите;

• скали за проценка на семејните услови на учениците.

• Примерокот на истражување ќе биде случаен стратификуван. По пат на


случаен избор ќе бидат избани три училишта, и тоа едно училиште од
градска средина ,едно од приградска и едно од селска средина.

• Примерокот на ученици ќе биде систематски, односно ќе биде избран секој


петти ученик поаѓајќи од бројот 2 во дневникот.

Разгледувањето на проблемот за тоа каокво треба да биде семејството за


да претставува позитивен воспитен факстор го започнуваме со правото на детето
да живее во здрава семејна средина и правилно да се воспитува. Семејството
може да се јави као доста позитивен фактор во развојот на детската личност, но и
како фактор кој условува неуспешност во социјализацијата на детето па дури и
појава на антисоцијално однесување. Посебноста на воспитанието во семејството
е тоа што воспитните настојувања во него повеќе имаат карактер на спонтано
делување, а помалку на рационално-организиран и насочен процес. Условите во
едно семејство не можат да се сфатат како затворен систем, поради тоа што тоа
претставува општествена клетка во него повеќе или помалку се рефлектираат
сите збиднувања и противречности во едно општество.

Значајни услови кои можеме да ги окарактеризираме како основни


претпоставки за правилно семејно воспитание се:

1. Односите во семејството;

2. Воспитната работа;

3. Позитивна емоционална атмосфера;

4. Непотполно семејство.

7
Односите во семејството се оние односи меѓу мажот и жената, родителите
и децата, и односи помеѓу самите деца избиваат меѓу најзначајните претпоставки
кои обезбедуваат успешност или неуспешност во обавувањето на семјената
функција. Посебно значајен елемент во успешниот однос воспитаник-воспитувач
е нивната меѓусебна наклонетост. Проблемот на нерамноправноста во односите
се менува во зависност од времето и местот на воспитното делување. Колку е
возраста на детето помала толку е нерамноправноста во односите родител-дете е
поголема. Нерамноправноста е условена од повеќе фактори меѓу кои се:
возраста, значењето, психичката и физичката зрелост, искуството и други.

Воспитата работа во голема мера е детерминирана од стиловите на


раководење на воспитувачот. Во педагошката и психолошката литература
среќаваме различни класификации за стиловите на раководење. Класичната
класификација е она која ја даваат Левен и Липид. Тие определуваат три стила на
раководење:

1. Автократски стил - во својот облик се карактеризира по тоа што


раководителот е апсолутен и единствен наредбодавач на кој сите други
членови на групата без приговор мораат да му се покоруваат до крај и морат
да ги извршуваат сите негови наредби. При автократското раководење главно
се користат методите на присилување и патернализам, додека пак метода на
уверување е сведена на минимум.

2. Демократски стил - имаме тогаш кога демократски раководител не е


изолиран автократ, туку е водач кој настојува својата група да ја води врз
основа на соработка и договор со своите членови. Сите членови имаат
можност да предлагаат, да дискутираат за задачите кои треба да ги извршат и
за начините кко тоа најдобро да се направи. Основна метода на раководење е
методата на уверување, што не значи дека се сосема ислучени методите на
присилување и патернализам.

3. Laisser faire стил - е значаен стила на раководење во некои специфични


ситуации. Раководителот во овој стил по својата суштина и не е раководител

8
во права смисла на зборот, зошто неговата улога е сведена на минимум. Во
овој случај раководителот главно ги пренесува задачите нна групата и ги
регистирира успесите или неуспесите во работата на поедини членови, а секој
член од групата работи по сопствена волја и одговорност.

Позитивна емоционална атмосфера избива меѓу позначајните психолошки


услови кои обезбедуваат позитивни педагошки влијание во семејната средина.
Позитивната емоционална атмосфера значи атмосфера на взаемна љубов помеѓу
членовите во семејството, љубов и грижа на родителите за децата, грижа за
нивните проблеми, атмосфера на пријатност, ведрина, и непостоење на напнати
ситуации.

Непотполно семејство во педагошката, социолошката и правната


литература основно и едноставно мерило за поделба за семејството е целосноста
на неговиот состав, или поточно кажано неговата општествена целина. Поделбата
на семејствата на потполни и непотполни се врши според два вида на врски:
општествени и емотивни. Во оваа смисла како непотполно семејство не се смета
само онаа во кое недостасува само еден родител, туку онаа семејство во кое се
присутни и двајцата родители, но се прекинати емотивните врски помеѓу нив, или
помеѓу родителите и децата.

Некои истражувања покажуваат дека антисоцијалното однесување на


децата е резултат на бројот на децата во семејството. Во оваа смисла се укажува
на воспитна загрозеност во семејствата со многу деца од една страна, и
опасноста по однос на правилната социјализација на детето во семејство со едно
дете. Како претпоставки за правилно семејно воспитание можат да се наведат и
социо-економско и социо-културно ниво, вработеноста на жената, субјективните
димензии. Семејното воспитание може да се определи како многустрано взаемно
дејствување на родителите и детето, со цел да се формира личност која ќе
одговара на поставените национални и општочовечки вредности. Воспитниот
процес во семејството претставува единство на воспитание и самовоспитание на
децата и на родителите. Способностите на детето имаат свој духовен и физички
облик и тие се јавуваат во практичната дејност и однесувањето на детето.

9
Способностите треба да се сфатат како синтеза на знаењата, обедувањата,
чувствата, навиките и однесувањата. Меѓу позначајните способности на семејното
воспитание се: сложеност, продолжителност, целенасоченост, нерамномерност,
противречност, индивидуален карактер, веројатносен карактер.

Средства и методи на семејното воспитување

Основни средства на семејното воспитување се дејноста и комуникацијата.


Детето се раѓа со наследни предиспозиции: чие развивање во способности и
особини на личноста зависи од бројни фактори, а пред се од така наречените
реализациони фактори во кои спаѓаат средината, активноста на индивидуата и
воспитанието. Во практиката постојат повеќе варијанти на семејната дејност:
родителите им предлагаат на децата да се вклучат во некоја дејност која тие ја
избрале; децата и родителите заедно решаваат што да работат; родителите се
вклучуваат во детската дејност. При организирање на дејноста родителите треба
да ги спазат следниве законитости: да определат цел; да ги бараат патиштата
преку кои најдобро тоа ќе се постигне; да состават план на задолженија; да ги
разјаснуваат работите; да ја контролираат дејноста; да стимулираат и оценуваат.
За целосно изградување на детето посебно значење имаат личните својства на
родителите. Истражувањата на Келерал и Монтадон покажуваат дека за
воспитанието на децата, значајна е и самооценката на личноста на детето или
како уште се вика формираната слика за себе кај детето.

Методите на семејното воспитание можат да се поделат на три основни


групи:

1. Методи на делување врз сознанијата, чувствата и волјата

2. Методи на организирање на дејноста и формирање на однесувањето

10
3. Методи на регулирање, корегирање и стимулирање на однесувањето на
дејноста.

Заклучок

Најзначајна дејност на човештвото е образованието. Тргнувајќи од овој


факт, доаѓаме до заклучокот дека образованието ни овозможува лични и
заеднички дострели кои водат до осмислување и усовршување на нашиот живот.
Стекнувајќи сеопфатни знаења, го оправдуваме своето постоење. Образованието
ни помага да ги отвориме очите, да го разбереме светот, да стекнеме големи
знаења Образованието е најсилно орудие на човекот и како такво ни ги покажува
патиштата на прогресот, како правилно и добро да се живее, да се зацврсти
разумот и моралната свест. Воспитната компонента што во себе ја содржи
образованието овозможува децата да се изградат во здрави, комплетни личности,
стожери на демократското општество. Новото демократско општество коешто сите
заедно го градиме, треба да понуди можност за подобрување на образованието
на секој поединец, независно од неговата етничка припадност. Можноста за
подобрување на образованието не треба да резултира со личен напредок на
сметка на другиот, туку како обележје на демократијата треба да резултира со
заедничко добро. Самоиницијативноста, решеноста на секого за промена,
подобрување на своето образование, треба да биде долгорочна определба на
секого, а истовремено, тоа е долгорочна придобивка за себе и за другите.

11
Користена литература

1. Методика на воспитна работа (интерна употреба).

2. http://www.detskagradinka.org.mk/roditeli.asp

3. http://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Macedonian_Full_Report_14_October_Part
_1.pdf

4. http://www.bitrak.com/4.%20Proektno%20istrazuvanje/Proekt%20Vlijanie%20na
%20semejstvo%20vrz%20uspehot%20na%20ucenicite.ppt

12

Você também pode gostar