Você está na página 1de 6

1.

Сметководтвото е многу пошироко од само забележување настани во книговодството и водење


книги.

Сметководството е процес на идентификување, вреднување (мерење) и размена на економски


информации, кој ќе овозможи донесување одлуки од корисниците на информациите. Секоја од
овие активности бата соодветно знаење од образован професионалец.

Сметководството е функција која ги опфаќа и ги обработува сите финансиски информации кои


произлегуваат од одвивањето на бинис активностите. Тоа дава и аналитичка презентација на
информациите, кои се наопходни за донесување на соодветни деловни одлуки.

Сметководствените информации ги обезбедува сметководствениот информационен систем.

Сметководството преку планирањето, контролата, анализата, компјутерската обработка и сл. во


современи услови на дејствување, станува многу важен инструмент за ефикасно управување со
претпријатието.

Без соодветни сметководствени информации не може да се донесе каква и да било економска


одлука. Сметководството е јазик за економски активности и секое претпијатие (без оглед на
неговата големина и вид) се потпира на сметководството заради ефикасно деловно одлучување.

Сметководството е општествена наука, а сметководствените принципи се развиваат како резултат


на променетите деловни услови.

2. ФОРМИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА

Постојат различни категоризации на организациите. Една вообичаена е онаа според која


организациите се делат на

-организации кои заработуваат пари (профит) – профитни (бизнис) ентитети

- организации кои егзистираат за остварување некои други цели- непрофитни (бизнис) ентитети

Профитни ентитети ( организирани се за заработка на профит, добивка)

- Единствен сопственик (индивидуален сопственик, трговец поединец)

Наједноставна форма на организација која што има еден сопственик. На овој начин се
организирани повеќето мали бизниси каде што сопственикот е и менаџер. Тој е сопственик на
средствата, обврските, добивката, загубата, ризикот и управувањето со бизнисот. Трговецот
поединец работи за своја сметка и го превзема ризикот од работењето до износот на вредноста
на имотот на претпријатието и личниот имот.

Притоа, финансиските извештаи подготвени за бизнисот не смеат да ги мешаат личните


активности со оние на компанијата.

- Партнерство (ортаклак, ортачки ентитет)

Партнерството е бизнис во сопственост на двајца или повеќе поединци. При основањето се


склучуваат повеќе договори, како на пр. кој колкав удел ќе има во бизнисот и во распределбата на
добивката. Како партнерства често се организирани јавни сметководствени фирми, правни фирми
и др. видови услужни компании. Добивката (загубата) се дели меѓу партнерите сразмерно на
уделот на секој партнер. (освен ако со договор поинаку не е определено). За обврските на
партнерството секој парнер им одговара на доверителите со целиот свој имот и солидарно со сите
др партнери.

Партнерството како и инокосните сопственици не се даночни ентитети ( не се подложни на


оданочување)

- Корпорации

Корпорациите контролираат најголем дел од приватните ресурси во една држава. За да настане


корпорација неопходна е дозвола од државата, а се формира со договор меѓу државата и три или
повеќе сопственици (акционери).

Корпорацијата се снабдува со парични средства со издавање (продавање) на акции на берза на


акции и со издавање обврзници.Способноста за обезбедувањето поголеми износи пари во кус
временски период е една од основните предности на корпорациите.

Друга предност е ограничената одговорност на акционерот. Акционерот е одговорен само за


сумата што произлегува од големината на капиталот инвестиран во акции.

Од друга страна пак, кај партнерството партнерите можат лично да одговараат за обврските на
бизнисот.

Непрофитни ентитети (организирани се за остварување на цели од јавен интерес на


различни сегменти на општеството)

Кај овие ентитети има недостиг од идентификуван сопственик. Без оглед што кај нив нема
профитен мотив, сепак имаат потреба од информации од сметководствениот систем. (На
пр. финансиски извештаи ако има болницата, училиштето и сл. потреба од заем, кредит)

Бизнисите стануваат се повеќе осетливи на нивните пошироки општествени одговорности.


( на пр. основаат фондации, даваат пари за добротворни цели.. )
3. ПРИРОДА НА ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ

- Финансиски активности

Сите бизниси започнуваат со финансирање, односно за да се започне бизнис потребни се пари.

Дискусијата на финансиските активности донесува два важни сметководствени термина

 Обврска е долг, обврзаност на претпријатието која произлегува од минати настани, и чие


надоместување резултира со одлив на ресурси.
- Обврски за кредит- кога компанијата позајмува пари од банка
- Обврски по обврзници- кога компанијата продава обврзници
- Обврски за даноци- износите што ги должи на име даноци кон државата
- Обврски спрема добавувачите- кога компанијата има сметки за плаќање кон добавувачот.

 Акционерски капитал- износ од продажба на акциите.

Акциите се разликуваат од обврзниците по една многу важна работа. Капиталот што


корпорацијата го обезбедува со издавање акции има специфични карактеристики за разлика
од капиталот обезбеден со издавање обврзници или земање заем.

Акционерите (луѓето што купуваат акции во компанијата) обезбедуваат перманентна форма на


финансирање на бизнисот. Со др. зборови, нема задолжителна дата кога акцијата може да се
наплати. Единствениот начин акционерот да ја врати инвестицијата од купувањето на акциите
е да ги продаде акциите на берза.

Кредиторите ( луѓе што купуваат обврзници или на некој друг начин позајмуваат на
компанијата) не обезбедуваат перманентна форма на финансирање на бизнисот. Кредиторот
очекува враќање на заемот, заедно со камата за користењето на парите.

- Инвестициони активности

Постои природна прогресија во бизнисот од финансиски активности кон инвестициони.


Прибраните финансиски средства (по различни основи) се користат понатака за инвестирање, како
на пр. набавка на опрема, изградба на нов погон и сл.

 Средства се идни економски користи за бизнисот. Тие го претставуваат правото да се прими


некој бенефит (корист) во иднина. ( Од нив се очекува прилив на идни економски користи.)

Средства се на пр. готовината, зградите, магацините, опремата , залихите ( количество на финални


производи и суровини). Покрај ваквите стварни (опипливи) средства има и неопипливи средства
како побарувањата од купувачите (право да се наплати сума од купувачите) и патентот
( ексклузивно право да се прозведува одреден производ).

Постои тесна врска меѓу средствата и обврските. Средството кое најчесто се користи за исплаќање
на обврска е готовината.
- Оперативни активности

Штом еднаш ќе се обезбедат финансии и инвестиции, а со тоа и произведствени (продуктивни)


средства, бизнисот е спремен да почне. Целта на некои бизниси е да се продаде производ, а на
други компании да обезбедат услуги. Продажбата на добра и услуги е важна оперативна
активност.

Приход е прилив на средства кои се резултат од продажбата на производите и услугите. Кога


компанијата продава во готово, средствата ги прима во готово. Кога продажбата е направена на
кредит, применото средство е конто побарувања од купувачите (сметка за наплата).

Приходот е прилив и го претставува износот во денари од продажбата на производи и услуги за


определен временски период.

За функционирање на бизнисот мора да бидат направени трошоци. ( плати на вработените,


добавувачите за набавените материјали, амортизација, трошоци за струја, даноци и сл.)

Сметководителите за трошоците користат специфично име- расходи.

Расход е одлив на средства како резултат на продажбата на производи и услуги.

4. КОРИСНИЦИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Интерни корисници се менаџерите на компанијата кои се инволвирани во секојдневниот бизнис.


Сите други групи се екстерни корисници.

- Интерните корисници се во позиција да добиваат финансиски информации на начин кој


најмногу одговара на нивните потреби. На пр. ако производниот менаџер има потреба да
знае колку чини производството на единица производ, оваа информација постои во
сметководствениот систем и може да се објави.
Менаџерското (управувачко, интерно) сметководство е гранка на сметководството која се
грижи на интерните корисници (менаџмент) да им овозможи информации за да ги олесни
планирањето и контролната функција.

- Екстерни корисници не се директно инволвирани во операциите на бизнисот. Без


секојдневен контакт со работата на бизнисот, екстерните корисници мора да се потпрат на
информациите што им ги презентира менаџментот на компанијата. Одредени екстерни
корисници, како на пр. УЈП, бараат информацијата да биде презентирана на многу
специфичен начин и да биде обезбедена со закон (за да се осигураат дека ќе ја добијат).
Акционерите, сопствениците на обврзници и другите кредитори, за нивните информации
мора да се потпираат на финансиските извештаи подготвени за општи цели.
Финансиското сметководтво е гранка на сметководството која подготвува финансиски
извештаи за општа намена што ќе ги користат и менаџментот и надворешните лица.
Акционери и потенцијални акционери.
Ако тековно поседуваш акција во една компанија, потребна ти е информација која ќе ти
помогне во одлуката дали да ја задржиш акцијата или да ја продадеш. Ако размислуваш
да купиш акција во компанија, потребна ти е финансиска информација која ќе ти помогне
во изборот меѓу конкурентните алтернативни инвестиции.
Сопственици на обврзници, банкари и други кредитори.
Финансиските извештаи им се потребни на овие екстерни корисници за да ја увидат
способноста на компанијата да го врати износот на заемот + каматата. (Компанијата треба
да го исплати кредитот и обврзниците на лицата кои ги купиле)
Владини агенции
Компанијата подготвува даночни пријави за да ја извести управата за јавни приходи за
износот на добивката што ја остварила. Слично на УЈП, и комисијата за хартии од вредност
има авторитет да го пропишува начинот на кој финансиската информација е презентирана
во финансискиот извештај.
Други екстерни корисници
Добавувачот на суровини треба да ја знае кредитната способност на компанијата пред да
ги продаде суровините.
Синдикатот има потреба од информации за профитабилноста на компанијата.
Трговски асоцијации, акционерски брокери, финансиски аналитичари. Тие користат
финансиски извештаи во советувањето на нивните клиенти за инвестиционите одлуки.

5. ПРОФЕСИОНАЛНА РЕГУЛАТИВА ВО Сметководствената професија

Кој ги одредува правилата кои мора да бидат почитувани при изготвувањето на биланс на
успех и на состојба? Владата, преку УЈП диктира барања во подготвувањето на пресметки
на даноците на добивка или за враќање на повеќе пресметан данок. Процесот на
донесување на стандардите кои мора да се почитуваат при изготвувањето финансиски
извештаи, е во суштина здружен напор на трудот. Во таа смисла ќе дадеме образложение
за групите застапени во САД, кои се водечки во светот и биле инволвирани во подготовка
на општоприфатените сметководствени принципи. (ОПСП)

Професионална регулатива

- Комисија за хартии од ведност бара од компаниите да доставуваат годишни и квартални


финансиски извештаи, како и други видови извештаи на временска основа. Иако
комисијата има овластување да ги поставува сметководствените принципи, тие имаат
широк опсег кој и дозволува на сметководствената професија да етаблира свои сопствени
правила. Комисијата повремено интервенира и диктира одредени прашања, кога верува
дека професијата не одговорила доволно брзо или не се однесувала на коректен начин.
- Одбор за стандарди за финансиско сметководство има овластување да го поставува сетот
сметководствени стандарди во САД. Иако одборот прима средства од различни извори, тој
постои како независна група од 7 редовно вработени членови, подржани од голем
персонал. Овие стандарди се справуваат со разновидни прашања во финансиските
извештаи, како што се сметководството за наеми, пензиските планови и др. Одборот има
утврдено 6 извештаи кои се однесуваат на концепти на финансиското сметководство и нив
ги користи како прирачници за да постави сметководствени стандарди.
- Американски институт за овластени јавни сметководители примарно ја има одговорноста
за поставување општо прифатени сметковоствени принципи преку нивниот Одбор за
сметководствени принципи. Тој ги поставува ревизорските стандарди кои ќе ги користат
јавни сметководствени фирми во обезбедувањето услуги за нивните клиенти. Овластен
јавен сметководител е професионален назив за сметководителите кои имаат положено
ригорозен испит и се стекнале со извесно искуство. Сите членови полагаат добро
подготвен специфичен стручен испит , а оние кои ќе го положат се стекнуваат со соодветен
сертификат и стануваат членови на оваа асоцијација.

Меѓународни сметководствени стандарди

Você também pode gostar