Você está na página 1de 16

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

НАСОКА: Гастрономија исхрана и диететика

ПРЕДМЕТ: Термален бањски туризам

ТЕМА:Историски развој на бањите во Република Македонија

Ментор: Изработил:

Доц.д-р Цане Котески Теодора Саздовска

број на индекс173702

Штип,ноември 2013
Содржина:

Апстаркт: ........................................................................................................................ 3
Клучни зборови: ............................................................................................................. 3
1.Вовед ........................................................................................................................... 4
2.Историски развој на бања Кежовица ........................................................................ 5
3.Историски развој на бања Банско ............................................................................. 6
4.Историски развој на Негорска бања.......................................................................... 8
5.Историски развој на Дебарски бањи ....................................................................... 10
6.Историски развој на Кумановска бања ................................................................... 12
7.Историски развој на Катлановска бања .................................................................. 14
8.Заклучок .................................................................................................................... 15
9.Користена литература .............................................................................................. 16

2
Апстаркт:

Во Република Македонија постојат ладни и топли минерални води, кои


претставуваат големо природно богатство.Секоја од овие минерални води зад
себе има историја и постојат легенди и преданија за нивното откривање.

Клучни зборови:

Историја,легенди,преданија,бањи,минерални води.

Apstract :

Republic of Macedonia have a lot of cold and hot mineral waters, which are a huge
treasure for this country. Each of these mineral waters have her own history and there
are legends and stories of their discovery.

Key words:

History, legends , stories, baths, mineral waters.

3
1.Вовед

Во Република Македонија постојат ладни и топли минерални води, кои


претставуваат големо природно богатство .

Геотектонската и геолошката структура на Родопската маса условила создавање


на повеќе езерски базени , а наедно предизвикала и голема вулканска активност.
Во Република Македонија постојат повеќе од 30 извори на карбонантни кисели
води од вулканско потекло.Минералните води преставуваат големо богатство во
Македонија, а особено во поглед на лекувалиштата и за развојот на здраствениот
туризам.

Лекувањето, превентивата, рехабилитацијата и рекреацијата, во природните


лекувалишта донеле во бањите нов квалитет.Термоминералните и минералните
води се користат за пиење,капење,инхалација и облога со кал.

Брзото темпо на живеење и загадената животна средина се причина туристите да


се насочат кон бањите.Бањите се оази на мирот.Тоа се сочувани природни
средини.

4
2.Историски развој на бања Кежовица

Постојат народни легенди дека откривањето на минералните води доаѓа од


овчарот Ќежо,кој имал рани по телото.Копајќи во околината на бањата открил
топла минерална вода и почнал да ги мие раните и по извесно време тие му
поминале.По неговото име бањата го добила името „Кежовица“.

Други преданија зборуваат дека на овој локалитет постоела некоја сиромашна


фамилија која имала болно дете.Преданието не наведува од што боледувало
детето.Неговата фамилија копајќи пронашла минерална вода и тука детето го
оствале преку ден да се капе,а по извесно време детето оздравело.

За време на турската империја се користеле површинските води на брегот и во


коритото на реката Брегалница и тоа на отворено, заградени само со платно,
посебно за мажи и посебно за жени. Нив ги нарекувале платнени амами.Освен за
капење населението водите ги користеле за перење и белење на платно.Тоа и
денес,како традиција,се користат од населението во Ново Село.

Уште за време на бивша Југославија за потребите на населението е изградена


градска бања со мал капацитет,а за време на бугарската окупација е направена
нова каптажа со име „Бугарска каптажа“,во која е изградена градска бања.По
ослободувањето бањата се проширува.

Слика 1.Бања Кежовица

Picture 1.Banja Kezovica

5
3.Историски развој на бања Банско

Откривањето на ќерамиката и другите предмети што се пронајдени во


Струмица и струмичко од доцниот неолит, го докажуваат фактот дека во овој крај
постојат голем број историски непроценливи вредности од римскиот период како
што е римската терма во бања Банско која е откриена многу доцна.

Нема некои историски досписи кои ќе говорат за постоењето и користењето на


бањата Банско. Но, со самиот факт дека на овој простор постои една ваква терма,
кажува дека истата постоела и се користела уште од римско време, односно од
дамнешни времиња.

Постојат остатоци од базен до чешмата за пиење топла вода, за којшто


населението не знае кога е граден. Ископани се стари пари со ликот на цар
Константин во месноста “Панаир”, под бањата, каде што се откриени и многу
питоси.

Нивите се исполнети со стари ќерамиди и конечно откриени се на неколку места


низ селото многу стари ќумци, преку кои водата од топлиот извор е спроведувана
преку повеќе канали кон селото, јасно потврдувајќи ја наведената констатација, а
тоа го потврдува и месното население, дека бањата функционира уште од
Римјаните.

Со поконкретни податоци, располагаме од времето на владењето на Турците.


Тие биле значајни поклоници на бањите. Се знае дека Турците, на пример во
бањските села помасивно се населувале, често ги претварале во чисто турски
села. Таков е случајот во село Бање – Кочанско, а во слична положба било и
селото Банско. Така се забележува дека во втората половина на XVIII век и
почетокот на минатиот век почнале да градат во бања Банско, тогаш е реновиран
базенот кој и денес постои (велиме реновиран, бидејќи Турците го викале “Јени
Овлет” што значи “Нов Базен”, а тука претходно имало постар).

6
Наредниот период во развојот на Бањата го зафаќа времето меѓу двете светски
војни – кога Бањата била разрушена. По 1920 година двајца браќа од Струмица ја
обновуваат Бањата и изградиле објект за сместување.

Слика 3 .Хотел Цар Самуил


Picture 3.Hotel Car Samuil

7
4.Историски развој на Негорска бања

Негорските термоминерални води како бања почнуваат да се користат дури во


најново време.

Првите податоци за оваа термоминерална вода ги дава познатиот југословенски


географ Јован Џвииќ,кој го посетил овој крај во 1898 година.Во 1902 година за неа
пишува и Р.Хоернес,но и едниот и другиот наведуваат дека овде постојат само
термоминерални извори, но не и објекти кои ќе овозможат користење на истите.
Наредната година 1903 година, заповедникот на турскиот гарнизон во Гевгелија,
Шукри-паша, изградил на појакиот извор бања, односно зграда со два базена и
соби за одморање.

Базените и денеска постојат и тоа едниот е поголем и има тркалезна форма со


пречник од 2.60 м и длабочина од 1.20 м, а вториот е помал и има форма на
коцка. Првиот во почетокот служел за капење на жените на Шукри-паша,а во
вториот се капал само тој,самиот Шукри-паша. Над базените на спрат се наоѓале
соби,а постоела и една пространа тераса наменета за уживање на пашата.

По изградбата на бањата, пашата забранил на христијанското население да се


капе во отворените вирови. Затоа топлиот вир кој бил јужно од бањата бил
заграден со трска и масовно почнал да се користи од христијанското население.

По Првата светска војна, воениот гарнизон од Гевгелија на местото на топлиот


извор подигнал бања со голем базент долг 9 м,широк 4.5 м и длабок 0.90 м.Во
состав на бањата се изградени и две соби за сместување и една за одморање.

Во периодот меѓу двете светски војни во бањата не се вршени некои пообемни


градежни работи.Единствено по 1920 година се изградени дренажни канали, преку
кои е овозможено исушување на мочуриштата.Покрај честите поплави што ги
правела Серменската река и силниот земјотрес што ја зафатил бањата во 1931
година придонел таа да се најде во многу запуштена состојба.

8
За време на Втората светска војна,бањата сосема била запустена.За лошата
состојба многу придонела и поплавата од Серменската река во 1941 година кога
целиот бањски двор бил покриен со талог кој што навлегол и во базенот со
топлата вода.

Негорската бања забрзан развој доживува во годините по ослободувањето.

Слика 4.Негорска бања


Picture 4.Negorska banja

9
5.Историски развој на Дебарски бањи

Историскиот пат по кој Дебарските бањи се развивале до денеска е дол и често


непрегледен.

Познато е дека луѓето од најстари времиња термоминералните извори во


Бањиште посебно ги ценеле.Нивната топла вода ја сметале за волшебно-
лековита и во неа често барале лек за своите болести.

Првиот пишан податок за бањата о село Бањиште се сретнува кон крајот 17 век.
Тоа е една бигорна плоча што била поставена во долниот базент и на која со
старотурско писмо е напишано следното: „Добродетел и завештител Хаџи
Мухјиддин,син на Нуман ефенди од фамилијата Оруч зоде 1211(помеѓу 7-VII -1796
и 26 – VI 1797 година)“.

Од ова се гледа дека двата базена кои и денеска постојат и се користат се


подигнати од Хаџи Мухјиддин помеѓу 1796 1797 година.Од тогаш падо крајот на
турското владеење до 1912 година овде не било ништо друго градено.Бањата по
ослободувањето од турците воглавно била користена од месното население на
Дебар.

Другата бања,Косоврашка воовој период до 1912 година скоро и не постоела.Кај


овие извори немало обид за уредување на базените,а ни за изградба на
сместувачки капацитети.

Примитивни базени имало, но тие биле отворени,заградени само со обичен


необработен камен,а бидејќи се наоѓале близу реката Радика при висок водостој
таа често ги поплавувала.

Значаен развој бањите доживуваат меѓу двете светски војни во поглед на


уредувањето и во изградба на објекти за сместување.

10
Слика 5.Дебарски бањи

Picture 5.Debarski banji

11
6.Историски развој на Кумановска бања

Кумановска бања датира уште од Турската империја.Но посебни податоци кога


е откриен изворот и кога започнала да работи како бања нема.

Селото Проевци било сопственост на бегови,а овдешното население работело


како чифлигари на имотите на беговите. И тука се населило турското население
бидејќи тие имале посебен афинитет кон минералните бањи.Според тоа,веројатно
бањата датира од пред доаѓањето на Турците на Балканот.Еден од познатите
бегови кој живеел восело Проевци е Мустафа бег.

Според објавените податоци од д-р Алексиевски во 1913 годна,некој капетан


Костиќ со своите војници изградил чешма на малиот извор,а на големиот
направил базент за капење.

По Балканската војна општина Куманово изградила посовремен базент закапење


на гостите и за рекреација.За време на Првата светска војна бањата била
запуштена,потоа од Министерството на шумите и рудите во Белград таа била
дадена на некоја си баба Лена да ја експлоатира како лична сопственост и
профитот да го користи за себе.На тоа Општината реагирала,како и граѓаните од
Куманово,но не можеле ништо да постигнат по легален пат. Затоа,во таквиот
револт базент бил миниран и разурнат.Бидејќи бабата Лена немала доволно
средства да изврши реновирање и поправка, или изградба на нов базент ја
напуштила бањата и го одкажала своето право на сопственост.

Тогаш општината ја зема во своја надлежност и пристапила кон уредување,


меѓутоа се уште бањата немала изглед на бањско лекувалиште.

Од некое Француско-Белгиско акционерско друшто била дадена понуда да вложи


сопствени средства за современо уредување на бањата но, договорно да ја
експлоатира.

12
Слика 6.Кумановска бања

Picture 6.Kumanovska banja

13
7.Историски развој на Катлановска бања

Катлановска бања датиеа уште од старо време,од времето на Римското


царство.Римјаните биле вистински мајстори за користење на термоминералните
води. За ова ни сведочат римските пари,што ги нашле работниците во стариот
базент,како и изворот со кисела вода каде болните фрлале пари во знак на
благодарност кон водата.

Темелите на старата зграда како и старите римски пари ни зборуваат дека уште
Старите Римјани направиле неколку базени за лечење на болните.

Во време на турското владеење Катлановска бања била лечиште за сите болни.

Турците ги преуредиле римските базени,а соѕидале еден нов базент,со 12 кади


како и разни други згради во непосредна близина наминералните извори и така се
лечеле. Се знае,на пример,дека Салих бег, по наредба на Фаик паша го созидал
стариот Ан, а Аф’з паша наредил да се изградат кади.Подоцна поради земјотреси
и пластењето на калциум карбонати,водата од тие кади исчезнала,а просториите
од кадите биле адаптирани за станови за батувачките болни.Оттогаш па до
денеска болните се капат во старата римска бања.

Слика 7. Катлановска бања

Picture 7.Katlanovska banja

14
8.Заклучок

Од ова можеме да заклучиме дека Република Македонија е богата со термички


лековити води, кои сами по себе со својата историја будат чуства кај домашните и
странските туристите да ги посетат и да ги задоволат своите здраствени и
рекреативни потреби.

15
9.Користена литература

- Ташков,Н (2004);Скрипта (интерни предавања) за студ.ФТБЛ l год при УГД Штип

- http://travel2macedonia.com.mk/tourist-attraction/kezhovica-thermal-spa

- http://travel2macedonia.com.mk/tourist-attraction/roman-thermal-bath

- http://travel2macedonia.com.mk/tourist-attraction/negorci-thermal-spa

- http://travel2macedonia.com.mk/tourist-attraction/kosovrasti-spa

- http://www.kumanovo.gov.mk/category/galerija/

-http://travel2macedonia.com.mk/tourist-attraction/katlanovo-thermal-spa

16

Você também pode gostar