Você está na página 1de 13

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
ИНСТИТУТ ЗА СЕМЕЈНИ СТУДИИ

Семинарска работа

„Поим за религија и општи определби на религијата“


Предмет – Семејството и религијата

Ментор: Студент:

Скопје, Јануари 2019 година


Содржина
Вовед........................................................................................................................................ 3
1.Поим за религија.................................................................................................................. 4
1.1 Современата тенденција на религијата..................................................................... 4
2.Определби на религијата..................................................................................................... 5
3.Компоненти на религијата.................................................................................................. 7
4.Функции на религијата........................................................................................................ 8
5.Големите светски религии.................................................................................................. 9
Заклучок................................................................................................................................. 11
Користена литература........................................................................................................... 12
Вовед
Религијата како универзален феномен присутен во општеството и како дел
од човековиот живот, невозможмо е да се анализира само од еден аспект. Таа
претставува еден од најсложените општествени феномени, па затоа аспектите на
нејзиното проучување се бројни и меѓусебно испреплетени, од каде
произлегуваат и бројните сваќања кои се дури и контроверзни, третирајќи ја
религијата од облик на општествена свест, дел од општата човекова култура, па
се до историски феномен. За некои социолози кои ја третираат религијата како
дел од општествената човекова култура, таа претставува посебен културен
феномен којшто има свои културни функции во општествениот живот. За други
пак таа е историски феномен или пак универзален феномен којшто секогаш ќе
биде присутен во општеството и човечкиот живот.
Тргнувајќи од социолошкиот пристап во проучувањето на религијата, таа е
општествена појава, таа не постои независно од човековото општество и култура
па оттука таквиот пристап главно е насочен кон истражувањето на меѓусебната
поврзаност и влијание на религијата и општеството и на нивните конкретни
инстутуции. Религијата се јавила не само како начин на опстанок, туку и како
експчицитно човекова творба којашто му го осмислила животот, неговото
дејство и потреби. Религијата зависела и се уште го следи развојот на
општеството и односите во него, како и од конкретните културни достигнувања
на човекот.
Религијата како општествен феномен е збир на организирани и меѓусебно
побрзани верувања, чувства, симболи и ритуали кои се резултат на идејата за
постоење на натприродни сили и суштества. Во таа смисла според Павичевиќ
религијата се јавува и како определена групна свест на луѓето за себе и за
стварноста, а таа свест вклучува во себе и одреден морален кодекс на
однесување кој произлегува од тие верувања и чувства.

4
1. ПОИМ ЗА РЕЛИГИЈА

Религијата е еден од најстарите облици на општествена свест, која на мистичен


начин го одржува објективниот свет. Религијата можеме да ја дефинираме и како
духовна поврзаност на една група луѓе со некое високо свето суштество односно Бог.
Бог е човечка замисла за некоја натприродна сила. Затоа религијата се сфаќа како
организиран збир или структура на мислите, чувствата на симболи и култни работи
врзани за натприродното суштество. Од ова се гледа дека религијата има свои составни
елементи. Прво тоа се религиозни верувања, второ тоа се религиозни чувства и третиот
елемент се состои од верски ритуали. Додека првите два елементи ја сочинуваат
пасивната страна на религијата третата претставува нејзин активен елемент. Четвртиот
елемент на религијата го сочинуваат религиозните симболи преку кои религиозниот
човек го прикажува невидливото суштество и воспоставува врска со него. Петиот
елемент е институализација на претходните наведени елементи на религијата. Тоа се
религиозни функционери и религиозната организација. Преку тие елементи човекот
комуницира со натприродното суштество. Овие елементи на релиијата не се одвоени и
независни, напротив тие прават едно одредено единство. Еден со друг се
надополнуваат. Религијата не е само верување во натприродните сили, туку и обид
религиозниот човек да им се приближи, да ги одобри и да се здобие со нивна
наклонетост.

1.1 Современата тенденција на религијата


Дефинирањето на поимот религија претставува многу тешка задача, затоа што
религијата сама по себе претставува сложен феномен. Таа претставува еден од
елементите на човековата свест и духовна култура. Поимот на религија настанува од
латинскиот глагол „religio-religiare“ што значи поврзување. Тука се мисли на
поврзување на човекот со природата со други суштества и со Бог.
Постојат 3 основни пристапи по кои може да се посматра религијата како
феномен. Тоа се субјективен, објективен и субјективно-објективен пристап. Од
гледиште на објективниот пристап религијата не може да се изучува како секоја друга
појава . субјективниот пристап бара друг пристап кон религијата од останатите
предмети. И по третото прашање се смета дека не може да се порекне субјективното
ниту објективното кај религијата затоа што таа е синтеза од тие два пристапи. Во

5
зависност од политичо-општествената ситуација и идеологија постојат повеке
толкувања за религијата. Бројни автори истакнуваат одредени аспекти на религијата
како најбитни па поради тоа не е лесно да се даде единствена сеопфатна дефиниција на
религијата. Едно толкување на религијата датира од 1959 година според кое религијата
представува општествена форма на свеста во која доаѓа до израз човековата зависност
од туѓи и непознати нему општествени и природни сили и нивна наклонетодт по пат на
молитви обреди и слично.
Павичевиќ во своето дело,, Социологија на религијата "ја дефинира религијата
како" множество на идеи, верувања и учења, на прво место, чувства, симболи и
културни активности кои се поврзани со, натприродното суштество "и за доживување
на светлоста ". Тој смета дека религијата се состои од пет елементи,а тоа се: идејата за
природното суштество, верските чувства, верските симболи, обреди, верските
службеници и верските организации.

2. Определби на религијата
Од самиот почеток па до денес, религијата поминала низ многу фази и форми.
Карактеристично за сите религии е сфаќањето дека постојат некои сили кои владеат со
светот и појавите во него, и верувањето дека заедно со објективно постоечкиот светима
и некој друг свет после смртта. Зависно од тоа како се замислени тие виши сили
"натприродни сили" кои владеат со овој свет и како изгледа другиот, задгробен свет
постојат разни религии. Секоја од нив има нешто заедничко, но и нешто посебно,
специфично. Заеднички за сите форми на религијата е дека претставува нереален,
мистичен одраз на објективно постоечкиот свет и односот во него, а специфичноста е
во начинот на кој што тоа го правеа .
Суштината на горе наведените дефиниции се состои во верувањето во
сеприсутноста на нешто што го надминува разумот, односно напор даа се поими
непоимливото, да се изрази она што е непознатливо, да се изрази стемежот кон
бесконечното. Дефинициите кои религијата ја поврзуваат со божественото, кои се
засновани на верувањето дека постојат духовни битија и дека човекот со нив
воспоставува однос со посредство на религијата.

6
Сите религии може да се поделат на природни и објавени. Во природни религии
спаѓаат : анимизмот, тотеизам, и култот на природата, а во објавени - теизам, која е
поделена на политеизам и монотеизам.

I. Анимизмот (lat.anima-душа) е една од најстарите и истовремено и најпримитивна


форма на религија, а исто така е и една од најшироко распространета определба,
практикувана од страна на членовите на првобитната човечка заедница. Тие верувале
во постоењето на духовни, нематеријални фактори кои ги нарекле душа, и оттаму ги
објаснувале природните појави. Се смета дека овој вид на религија се појавила поради
менталитетот на праисториските луѓе, кои забележале дека поседуваат одредени
душевни состојби, поради што сите живи суштества престануваат да се сметаат само
како "материјални", туку и како "оние кои имаат душа." Важен принцип на анимизмот е
аналогија, односно именувањето на човечки карактеристики на објекти.

II. Тотеизамот најверојатно се појавил после анимизмот. Тотеизамот се базира во


тотем верувањето, односно претставата со растенија или животни. Тотем е предмет на
идентификација на одредено племе, што значи дека еден тотем е поврзан само за една
заедница. Тотемот, се верува дека ги штити членовите на племето. Повеќето автори
сметаат дека анимизмот настанал пред тотеизмот, само затоа што кај тотеизамот се
забележува поразвиена форма на човековата свест, поголема свесност на односот,
односно повисок степен на имагинација и апстракција. Исто така постои и друга уште
поважна, причина поради која ова мислење е валидно. Религиската основа, односно
верувањето во постоење на духовни битија, е основа врз која се базира секоја религија .
Кај примитивната форма на религијата е особено важно да се истакне постоењето на
табуата. Табу е збор со полинезиско потекло кој се однесува на забрана на штетно или
опасно однесување кон некој светци или кон општествената заедница во целина. Еден
пример на табу е инцестот.

III. Политеизмот (многубоштвото) генерално се смета како развиен анимизaм и


тотеизам . Но, сепак, политеизмот има многу карактеристики кои го исклучуваат од
овие форми на религија, и тоа:
 Бог е секогаш телесна и сетилна личност.
 Бог секогаш поседува натприродна моќ и натчовечки својства.

7
 Бог живее во друг, туѓ свет.

IV. Монотеизмот (еднобоштво) претставува најсовремена форма на религија, која се


одржа до денес. Денес, најмасовни религии се исламот, христијанството, јудаизмот и
будизмот. Монотеистичките религии имаат заеднички карактеристики, а тоа се :
 Монотеистичките религии се раширени низ целиот свет.
 Секоја монотеистичка религија има нејзин основач (Мухамед, Исус, Мојсеј,
Буда).
 Монотеистичките религии се стереолошки односно спасувачки, што значи
дека се учи за спасението по смртта.
 Светот и човекот се полни со зло. Треба да се стремиме кон совршенството
во постхумниот свет.
 Предстои апокалипса, по што следи т.н.. ,, страшен суд".

Монотеизмот најверојатно е настанал така што од политеистичката форма на


религија се издвоил еден Бог посебен за неговиот онтолошки статус. Постои
претпоставка дека тоа се случило поради спојувањето на родови и племиња во
пошироката заедница. Најсилното племето на тој начин успеало да го наметне својот
Бог како врховен. С.А Толкајрев смета дека постои преодна форма на религијата,
означена како хенотеизам, што всушност представува една развиена форма на
многубоштвото, во смисол дека постојат многу богови, но само еден од нив е врховен.

3. Компоненти на религијата
Скоро е и невозможно да се зборува за религијата, а да не се анализираат
компонентите и функциите на религијата. Анализата и разбирањето на религијата
поедноставено се реализира низ самите компоненти на религијата како составни
сегменти на нејзината сложена структура.
Првиот елемент е основната замислам на надприродното, свето суштество, како
нешто апсолутно и семожно, кон кое човекот има специфични чувства, зависност,
стравопочитување и желба да се добие неговата наклонетост.
Вториот елемент се однесува на исклучителните религиски чувства и
емоционални фантазии кои се надополнуваат на самата замисла за натприродното
нешто.
Третиот елемент на религијата се ритуалите, одбредите како посебен начин на
однесување на луѓето преку кои тие комуницираат со натприродното. Целта на овие

8
активности е да се добие наклонетоста на богот, да се намали неговиот гнев, да се
прослави богот, да му се даде благодарност и сл. Ритуалот и обредот се изразуваат
преку молитви, пренесувањето на жртвите, воздржување од неизвесни дејствија и сл.
Четвртиот елемент на религијата произлегува од третиот и се однесува на
создавањето на посебни религиски симболи кои го олицетворуваат натприродното и
преку кои остваруваат контакт со него.
Петиот елемент е религиската организација, имено луѓето на основа на исто
верување се обединуваат и здружуваат во посебна верска група на која и се дава
организиран облик. Целта е да се организира општествениот и верскиот живот внатре
во групата и да опстане во конкуренција со другите верски групи.

4. Функции на религијата
Самото присуство на религијата низ историјата во сите општества на човекот,
укажува на позитивните функции кои таа ги остварува. Религијата има суштинска улога
во културната, духовната, емоционалната и моралната интеграција на општеството.
Човекот во религијата, ако не во стварноста, го пронаоѓа светот на праведноста и
вистината, свет во кој владее доброто над злото, надминувањето на недостадоците на
конкретното општество во кое живее, со што всушност религијата врши повратни
дејство врз општеството.
Од многу бројните функции на религијата , од индивидуален или општествен
карактер, ќе ги посочиме следниве:
1. Психолошко – емоционална или компезациона функција, која се изразува преку
обезбедувањето на поддршка за надминување на човечкиот страв од
непознатото и неизвесноста од иднината.
2. Религијата и дава смисла на човековата егзистенција, таа се јавува како значаен
психолошки регулатор на внатрешниот, душевен живот. Човекот во неа наоѓа
одговори за своето постоење, за своето место во светот и за начините на своето
однесување.
3. Кога станува збор за функциите на религијата, не треба да се занемари и
нејзината етичка фукнција, реализирана преку пропишаните посебни морални
правила, како дел на религиското учење кои имаат и социјализаторско значење.
4. Религијата претставува еден вид пребежиште за надминување на секојдневната
реалност, преку вербата во оностраното.

9
5. Религијата помага за надминување на кризите и транзитивните периоди од
животот како што се : раѓањето, пубертетот, бракот и смртта. Обезбедува помош
и поддршка во времето кога индивидуите чувствуваат притисоци, дава утеха во
случаите на смрт и сл.

5. Големите светски религии

Големите светски религии се монотеистички по својот карактер. Тие настанале


во различни времиња и во различни простори. Најстарата од овие религии е будизмот.

Христијанството
Христијанството е една од трите најголеми монотеистички религии и е основана
на територијата на поранешната Римска империја. Религијата на концепти е заснована
со појавата на Исус Христос, сиромашен човек од Назарет во Галилеј и нејговото
основување на Црквата како заедница на Неговото Тело во првиот век од н.е. Исус
Христос проповедал за Царството Небесно ,така собирајќи многу приврзаницикои го
сметале него за месија. Христијанството е првата универзалистичка религија наспроти
дотогашните национални религии и проповедал еднаквост на сите луѓе пред Бога:
Евреи, Грци, Римјани, сиромашни, богати, мажи и жени. Бидејќи проповедал еднаквост
веднаш завладал меѓу сиромашните. Христијанството како религија се појавило за
време на распаѓањето на робовладетелските држави, а подоцна кога станало службена,
државна религија, христијанството ги врзало своите интереси со интересите на
владеачката класа и се оддалечи од идеалите кои го проповедаат евангелието.
Догматските дебати, како и политичките околности и различните интереси доведоа до
тоа денес христијанството разделено. Во почетокот имало многу секти, но подоцна,
благодарение главно на образованиот хеленски еврејски член- апостол Павле, се
организирало во единствена верска заедница, црквата. Денес под христијанството
воглавно се подразбираат три главни доминации: православци, римокатолици и
протестанти.

Будизам

10
Будизам е религија и филозофија основана во североисточна Индија, околу 527.
година п.н.е. Основа на будизмот е Гаутама Sudarta_ по чија духовна титула, Буда, и
религијата е именувана. Целта на будизмот е постигнување на просветлување, или,
поточно, на пробудување. Пробудувањето може да се одреди како признавање на
вистината која се крие зад појавата на феноменот, оставајќи prevalizilaženje и лутина,
избегнување и незнаење, и располага со ослободување од страдањето во целост, odosno
состојба на блаженство и внатрешен мир, нирвана, а со тоа прекинување на циклусот
на повторното раѓање. Будизамот денес може да се подели во три главни гранки:
Теравада_ мохајана и ваџарана будизам.

Ислам
Исламот е монотеистичка Аврамска религија која потекнува од учењата на
исламскиот пророк Мухамед во 7 век. Таа се заснова на верување во еден Бог (арапски:
Аллах), избирање на пророкот Мухамедза пратен од Бога_ да ги предодреди човечките
судбини, да ги награди за добрите дела и да ги казни за лошите, на судниот ден и
воскресението на мртвите. Принципи на исламот се објавени во Куранот, светата книга
на исламот. Куранот е напишан на арапски и содржи 114 сури (поглавја). Куранот е
збирка на откровенија од Бог,а преку ангелот Габриел Мухамед ги добил во
пустинската пештера. Следбениците на Исламот се викаат Муслимани, "оние кои се
потчинуваат на" волјата на Бога. Основната обврска на секој муслиман се верување во
еден Бог (Алах) и Мухамед како Негов Пратеник, молитва пет пати на ден, пости во
месецот на Рамазан, давање милостина и аџилак (аџилак во Мека) најмалку еднаш во
својот живот.

Заклучок

11
Верата и религијата не е исто. Зборот религија значи врска. Тоа е врската со Бога
и космичките сили. Поимот вера непосредно не влегува во поимот религија. Сите
религии не бараат вера. Постојат религии кои се базираат на верата и има некои
религии кои се базирани на знаење.Христијанството е религија која се базира на верата
а многубоштвото, се базира на релевантни знаења кои можат да се проверат. Реално на
знаењето не е потребна вера. Политеизмот е само национална визија заедничка за сите
религии на ариевците. Политеизмот е варијанта на ведизамот, прилагодени на корените
на луѓето, за нивото на нивниот духовен и социјален развој.
Човекот живее во свет од идеи кои ги создал тој самиот низ низа поколенија и
векови. Луѓето станале свесни за себе откако станале свесни за физичкиот свет околу
нив. Притоа накусо се повторувала интелектуалната историја на нивниот вид. Секоја
религија дава свое видување за природата на човекот и заповедението на луѓето, при
што успеале да ги задржат луѓето кон остварување морален живот, влевајќи им чувство
на единство и припадност со истоимените верници. Соодветноста на моралниот живот
и моралните правила е придонесот кон колективното задоволување на желбите и
принципите. Но, со текот на вековите, луѓето согледале дека принципите и моралните
норми можат да бидат променети , и тоа не само променети, но подобрени. Така
започнало разработувањето на нови концепти за правилно поведение на личноста
зазадоволување на општественото поведение

Користена литература

12
1. Проф. Верица Јосимоска – Социологија на религија
2. Проф. Даниела Коцева – Социологија на религија
3. Проф. Д-р Иван Цвитковиќ – Социологија религије

13

Você também pode gostar