Você está na página 1de 8

Семејството и религијата

1.Какво е влијанието на глобализацијата врз религијата?

-Два спротивни ефекти:-поголема опасност од избивање судири помеѓу различни култури,


кои сега се во исто општество, бидејќи може да доведе до не разбирање и непријателство;
- од друга страна, блиските контакти можат да ги смалат разликите меѓу религиите, па со
тоа да се смали можноста од судири.

2.Кои се трите насоки кои може да се насочи (да тргне) религијата?

-Религијата може да има релативно маргинална улога во глобалното општество. Со оглед


на тоа што не може да понуди универзален збир вредности и верувања кои би биле
заеднички за сите членови во општетвото, понекогаш се повлекува во сферата на
приватното. Така, Бејер смета дека во глобализираниот свет ќе доминираат
специјализирани подсистеми. Без глобалната улога, на религијата и се препушта само
задачата за соочување со личните прашања и проблеми, како што е на пример смислата на
животот. Со тоа се намалува вкупното значење на религијата, зошто таа не е само
приватна работа.

-Религијата може да има важна улога и да им помага на луѓето да го осигурат својот


идентитет.Во глобалното општество, иднетитетите се повеќе се релативизираат, на луѓето
им недостасува едонзначно одредување, што всушност се тие. Имаат низа поединечни
улоги, но им недостасува единствено чувство на идентитет. Религијата може да ги
мобилизира општествените групи со желба да остварат влијание, моќ во глобализираното
општество во кое се чувствуваат маргинализирано или мислат дека тоа им е закана. Се
смета дека како последица на тоа се јавува верскиот фундаментализам.

-Третата опција е религиите да остварат поуниверзален пристап. Бејер тоа го нарекува


либерална опција. Во тој случај религијата се обидува да постигне екуменизам (движење
за зближување на сите христијански цркви, грчки, населениот дел од светот, цел свет), па
настојува да ги приближи и обедини различните вери и верувања. Наместо различностите,
таа ги нагласува заедничките вредности и верувања кои би требало да станат глобални.

3.Заклучокот на Питер Бјер?

-Глобализацијата нема да доведе до слабеење и пропаст на религијата, но ќе и го ограничи


влијанието. Религијата веќе не е интегрален дел на моќните подсистеми како што се
глобалната економија, политичките системи и науката. Се уште ќе може во одредена мера
да влијае на настаните на светот, но нив директно нема да ги обликува.

4.Заклучокот на Хантингтон?
-И препишува на религијата многу поважна улога во современиот свет за разлика од Бејер.
Тој тврди дека светот станува се помал и се поинтензивните контакти меѓу различните
групи, понекогаш можат да резултираат со силно истакнување на различностите. Тој,
религиите ги поистоветува со цивилизациите и разликува западна, конфучијанска,
јапонска, хиндуистичка, словенско-православна, латинско-американска и африканска
цивилизација/религија. Тој смета дека вредносните системи на различни цивилизации се
во непомирлива спротивставеност. Хантингтон е уверен дека светот не станува се
посветовен, туку напротив десекуларизиран (секуларизација, претворање на нешто од
црковно во световно).

5.Кои се главните карактеристики на религиската состојба по осамостојувањето на


Р.Македонија?

-Главни карактеристики на новиот период се:-

 Процесите на ревитализација на религијата

 Длабока криза на секуларизацијата

 Екстремно блиски односи помеѓу религиската и политичката елита

 Религиска толеранција

 Улогата на религијата во мир и конфликт

 Како резултат од тоа се појавија големите предизвици на современата Социологија


на религија во РМ. Прв предизвик е воведување на религиско образование во
државните училишта.

6.Сличности,разлики-Фундаментализам на екуменизам?

-Фундаментализам=Таа се залага за обнова на подзаборавените традиционални семејни


вредности, но во исто време се бори и против абортусот, хомосексуализмот, евтаназијата и
некои други современи морални предизвици

-Екуменизмот =кој предлага план со кој толеранцијата и дијалогот можат да бидат водени
од универзални вредности. Идеалот за поврзување на луѓето во една човечка заедница-
екумена го поставиле античките мислители. Некои деноминации, особено протестантски
се споиле навистина.

7.Што претставува ревитализација (обновување) на религијата?

-Религијата од приватна сфера навлезе во јавниот живот.Со самото тоа процесот на


секуларизација(одвојување на црквата од државата) полека почна да навлегува во голема
криза. Во тоа време дојде и до силно приближување на политичката и религиската елита.
Суштинската карактеристика на ревитализацијата на р во РМ е дека не се зголеми
процентот на убедени верници туку драстично се зголеми бројот на традиционалните
верници.

8.Кои се главните општествени причини на религиското образование?

 Етичките програмски содржини ќе го пополнат вакумот на моралните вредности и


моралното однесување на младите;

 Учениците, учејќи за различни религии ќе се запознаат меѓусебно и со тоа ќе ја


спроведат социјално-интегративната ф-ја на религијата;

 Преку овој тип образование ќе се зајакне индивидуално психолошката функција


преку стравот од судниот ден;

 Религиската едукација ќе биде ставена под државна контрола;

 Овој тип на образование би требало да ги подобри личните карактеристики на


младите. Со развивање на хуманоста, солидарноста, почитта, љубовта,
македонското општество ќе се заштити од девијантните однесување.

 Како резултат на се ова Министерството за образование и наука донесе одлука од


учебната 2008/2009 да започне со овој проект во петто одделение со два предмети
Вероучение и Запознавање со религиите

9.Причини за невоведување на религиското образование?

-а) теолошки, б) педагошки и в) практичен аргумент

А)Tеолошки аргумент. Влегувањето на црквата во световните училишта би значело


нарушување на принципот на секуларизација, т.е. на одвоеноста на црквата од државата.
Со тоа, колку и да звучи парадоксално, би се напуштила интенцијата на Исус, кој токму се
залага за издвојување на сферата на духовно-религиозното од сферата на световното,
државното.

Б) Педагошки аргумент се состои во несовпадноста на општиот поглед на светотот што


постои помеѓу научниот пристап кон суштинските прашања, од една страна, и
религиозното толкување и објаснување на овие прашања. Односно, како да се спои
религиозното учење за создавањето на светот за шест дена и теоријата што ја нуди
современата наука? Значи, на една страна се ригидните догми на религијата, а на другата,
сознанијата на науката. Во таква ситуација на крајна спротивставеност помеѓу религијата
и науката, нужно ќе дојде до одредена конфузија во духот на младите личности, кои во
значајна мерка ќе бидат растрганати помеѓу авторитетот на религиозната догматика и
авторитетот на науката.
В)Практичен аргумент. Во Република Македонија егзистираат повеќе религии и ниедна од
нив не смее да биде занемарена, сеедно на фактот дека доминантни конфесии се
христијанската и муслиманската. Ваквата структура на различна кофесионална
припадност ќе се одразува и во училиштата. Значи ли тоа дека, кога ќе дојде времето за
час по верска наука, едни деца ќе одат во едни простории, а други во некои други за да ги
слушаат оние верски содржини што ги споделуваат или за кои се интересираат? Не значи
ли тоа верско, а со него и етничко подвојување, наместо учулиштето да ја остварува една
од своите основни функции да ги поврзува граѓаните без разлика на нивната расна, верска
или национална припадност? Не значи ли тоа дезинтеграција, наместо интеграција?

10.Религиска толеранција?

-Религиската толеранција, меѓусебното разбирање, почитувањето на разликите, меѓусебен


дијалог и недискриминација меѓу припадниците на разни конфесии се основните
компоненти на религискиот плурализам. Тој плурализам треба да се свати како мозаик на
културно богатство, цивилизациски достигнувања, обичаи, традиции и треба да биде
основа за прогрес, а не мотив за нетолеранција, дискриминација, конфликт и уништување

11.Каква е толеранцијата на Македонската православна црква?

-Како и останатите православни цркви, така и МПЦ поимот толеранција го супституира со


поимот христијанска љубов. Дури смета дека терминот толеранција целосно е
неприкладен и не ја изразува суштината на верското помирување. Поаѓајќи од
христијанската максима дека љубовта треба да се оддава кон секој човек без разлика на
која вера и припаѓа МПЦ љубезно се однесува кон останатите верски организации. Во
името на љубовта бара мир и добра волја.Се смета дека МПЦ е една од најтолерантните
цркви во однос на другите верски организации. МПЦ го смета своето учење за
задолжително само за нејзините членови.

12.Каква е толеранцијата на Исламската црква?

-Заради нејзината тесна поврзаност со албанските политички партии до израз доаѓа


поистоветувањто на моралните начела на исламската религија со политичката идеологија
(ДУИ, ДПА и сл). Заради таа нејзина поврзаност доаѓа до осцилации во толеранцијата
спрема православните христијани во зависност од општествено-политичките ситуации во
македонското општество.Исламот теоретски е доста толерантен, но и затворен и
ограничен на самиот себе особено во руралните средини каде е конзервативен.

13.Каква е религиската карта на верници во Р.Македонија?

-Најбројна конфесија е православни христијани 60%, потоа исламска веросиповест 30%,


останатите 10% припаѓаат на верниците на католичката и протестанската
провинциненција. Католичката црква во РМ нема голем број верници меѓутоа многу е
влијателна во религиските, политичките и социјалните структури во општеството. Што се
однесува до протестантите најбројни се малите верски заедници како што се
Евангелистичката црква, Јеховини сведоци, Евангелистичко –методистичката црква,
адвентистичката и сл.Кога зборуваме за толеранција во РМ мислиме на религиска
толеранција меѓу православното христијанство и исламот .

14.Карактеристики на верската толеранција по осамостојувањето?

 Постои практична толеранција

 Не постои догматска толеранција

 Постои дозирана толеранција

 Постои декларативна толеранција

 Религиската толеранција е услов за евентуален влез во НАТО и ЕУ

 Религиската толеранција е директно врзана со демократизацијата на македонското


општество

15.Односот на МПЦ и католичката црква?

-Не можеме да зборуваме за толеранција на МПЦ и К.Црква зошто тие се во христијанска


љубов. Пред се под влијание на Ватикан овие две религиски организации имаат многу
добра соработка и блиски ставови речиси по сите значајни религиски и општествено
значајни прашања. Освен тоа Католичката никогаш не ја доведувала во прашање
самостојноста на МПЦ и нејзиниот етнички идентитет.

16.Социолошки индикатори на фундаментализмот?

 Верување во буквалната непогрешивост на светите списи.

 Отфрлање на сите модерни, научни и технички достигнувања ако не се во


согласност со верувањата изнесени во списите

 Никој кој што отстапува од предходните две начела не е вистински верник

 Не се прифаќа никаква политика која не е во согласност со фундаменталните


религиски начела.

 Го одликува одреден степен на антизападен поглед на свет, враќање на изворниот


ислам како систем на општествено, економски, политички и религиски подсистем

Со ревитализацијата на религијата и падот на комунизмот на Балканот, се менува и


самата концепција за сваќање и проповедање на исламот. За разлика од порано кога
исламот давал слика дека ги прифаќа современите погледи на свет, сега го менува
својот став и почнува да се проповеда идејата дека таму каде што муслиманите се
мнозинство нивна религиска обврска е да се вратат на организирање на сите
општествени односи на база на исламот. Имајќи во предвид дека најголемиот број
албанци кои живеат на територијата на Бивша Југославија се муслимани, според голем
број теоретичари на овие простори би се одвивал процес на албанизација наместо
исламизација.

Тенденцијата на проповедање ислам со фундаменталистички елементи е присутна и во


македонското општество и таквиот ислам во голема мера се прифаќа од страна на
албанската популација.

17.Како до поголема религиска толеранција?


-Религијата е променлива величина. Во текот на историјата се менува нејзината јачина,
распространетост, облици. Социологија на религија ги испитува економско општествените
причини-фактори кои што влијаат на тие промени.
-Во тие фактори спаѓаат: степенот на развиеност на производните сили, карактерот на
производните односи, класната припадност, професионалната припадност.
-Меѓутоа самите општествено-економски фактори директно не ја произведуваат или
потиснуваат религијата, туку севкупната човечка култура(материјална и духовна,
карактерот на општествени односи, видот на политички систем).
-Религиозноста била појака кога техничко-економската моќ била помала, но самите наука
и техника неможат да ја потиснат религијата (САД)
Фактори на религиозност

-Најзначајни групи чие влијание на состојбата на религиозност го испитува социологија


на религијата се: општествените класи, слоеви, професиите
-За зачувување и пренесување на религиозноста посебно значење и влијание има
семејството/односно неговата религиозноста/нерелигиозност.
-Професијата влијае на религиозноста
-Поделба на населението на градско и селско
-Полот и возраста
-Образованието

Семејството како фактор


-Семејството-место каде што се раѓа и формира свеста
-Семејството-посредува меѓу внатрешното и надворешното
-Религиските усвојувања се учат преку процесот на социјализација, исто како што се
наследува културата
-Родителите настојуваат да им ги пренесат на децата нивните религиски убедувања (на
различен начин и различни методи)
-Семејства кои не се религиозни имаат деца кои покажуваат слаб интерес за религиските
ентитети
-Исто семејство/различни религии-како е тоа можно?
-Поединецот го прифаќа она што е во склад со неговите потреби и желби,а го потиснува
она што не е во склад со неговите внатрешни карактеристики. Семејството како фактор
треба да се анлаизира имајќи ги во предвид темпераментот, интересите и вредностите на
поединците. Најпогоден инструмент е анализа на случај.
-Истражување спроведено на 16000 родители и учители на деца од основно. Social Science
Research објавија резултати од истражување што сведочат за тоа дека децата на
религиозни родители подобро се однесуваат и се поурамнотежени.
-Децата чиишто родители одат во црква (особено ако и таткото и мајката го прават тоа
често), и самите родители а и учителите ги оценуваат како поспокојни и поурамнотежени,
покомуникативни и подложни на воспитување.

Você também pode gostar